Забавната страна на FWSK: Фацијални експресии на познатите што ќе ве насмеат!

12 април 2014

Од први до шести месецов нашата метропола живееше во ритамот на модата. На годинешниот Моден викенд Скопје имавме можност да видиме различни колекции, креативни и помалку креативни парчиња од искусни, но и млади македонски дизајнери.

На бројните ревии што се случија, можевме да видиме и некои од најпознатите ликови од македонскиот јавен живот, кои не можевме, а да не ги замолиме да учествуваат во нашиот супер забавен проект.

Сакајќи да покажеме дека модните викенди имаат и забавна и интересна страна и дека сите заедно можеме и да се насмееме, им поставивме неколку интересни прашања на кои ги замоливме да ни одговорат со искрена, фацијална експресија.

Иако имаше добар дел од македонските јавни личности кои што не сакаа да учествуваат во нашиот проект, оние другите беа исклучително расположени и задоволни што конечно некој се обидел да ги насмее.

Во првиот дел од „Забавната страна на Модниот викенд Скопје“ за наши „соговорници“ ги имавме секогаш позитивната Цаци Паковска, светската Катарина Ивановска, неповторливиот Огнен Јанески, убавицата Симона од Backstage и шармантната и нежна Викторија Лоба.

Погледнете како тие реагираа на нашите креативни прашања и меѓу другото откријте како тие реагираат кога ќе видат нечиј лош стајлинг, но и какви се кога наутро за прв пат ќе се погледнат во огледало.

Уживајте со нашите ѕвезди и разубавете си ја оваа и онака сончева сабота!

Цаци Паковска

Катарина Ивановска

Викторија Лоба

Огнен Јанески

Симона Станковска - Backstage

 

Објавено:
12 април 2014
Категорија: 
Фото галерија