Џенифер Анистон – едноставна и моќна

9 март 2015

Серијата „Пријатели“ и Бред Пит се првите асоцијации на Џенифер Анистон. Долго време не можеше да излезе од сенката на врската со атрактивниот актер, кој ја остави поради Анџелина Џоли. Неуспешните врски и свршувачки ја вброија во најнесреќните актерки кога е љубовта во прашање.

Но, Џенифер успеа да се издигне над сето тоа. Како старее, во сè подобра форма е и сè поубаво изгледа, што го забележуваат и медиумите, но и луѓето од модниот свет. Џастин Теро го освои нејзиното срце, а и кариерата ѝ е стабилна.

По сè изгледа, Анистон ги остави проблемите далеку зад себе. Но, не било секогаш така. Нејзиниот животен пат не бил ни малку лесен, дури може да се рече дека актерката од пекол успеала да дојде до рајот.

Џенифер е ќерка на телевизискиот актер Џон Анистон, кој има грчко потекло и помалку познатата актерка Ненси Доу. Родена е на 11-ти февруари 1969 година во Лос Анџелес, Калифорнија, а уште од мала возраст поради работата на родителите, постојано ги менува државите на живеење. Една година дури поминува и во Грција.

-Имав седум години кога ја прашав мајка ми дали сум убава како мојата пријателка Моника. А таа, полна со љубов ми одговори: „О, мила моја, ти си многу смешна“. Значи – никогаш не ме лажеше – се сеќава Анистон.

Актерката има и двајца полубраќа, постариот Џон Мелик од страната на мајката и помлад, Алекс Анистон од страна на таткото.

Иако и дедо ѝ и татко ѝ биле добри актери, Џенифер талентот за глума го открива на 11-годишна возраст, кога се запишува на Rudolf Steiner School Drama. Истовремено, учи да слика, а нејзините цртежи биле изложени во Метрополитен музејот, а почнува да глуми и на Бродвеј. Матурира во Њујорк во Средното уметничко училиште, а во меѓувреме работи и како курир и како келнерка. Во 1989 година се сели во Лос Анџелес, а првата телевизиска улога ја добива следната година во серијата Molly. Тогаш всушност и започнува нејзиниот пат кон успехот. А тогаш се јавува и потребата да ги исправи сите грешки:

-Се подвргнав на сериозна девијација на носот и би одела по нож единствено поради здравствени причини. Сè на мене е природно и имам намера така да остане и понатаму. Но, не мислев така како тинејџерка. Ме нервирашњ тоа што за своите години имав преголеми гради и задник. Дури и татко ми се шегуваше со мене дека имам толку голем задник што можам да носам послужавник?со кафе – зборува од денешна перспектива Џенифер, која после неколку неуспешни актерски проекти почнала да размислува да ја смени професијата. Но, среќата ѝ се насмевнува во 1994 година, кога добива улога во хумористичната серија „Пријатели“, во која останува сè со 2004 година.

Иако на кастинг била повикана за ликот на Моника Гелер, Џенифер на самата проба инсистирала да го прочита текстот за Рејчел Грин. Ја доби шансата, а останатото е историја. Серијата стана светски мега хит, а се зборува дека во последната сезона актерката добивала по милион долари за секоја епизода. Интересно е дека сега најдобра пријателка ѝ е токму Кортни Кокс, односно Моника од серијата, а пријателството оди дотаму што Џенифер е кума на ќерката на Кортни, Коко.

Во тоа време, Џенифер станува инспирација на девојките што го сакале нејзиниот стил на облекување, а нејзината фризура долго време беше must have  во речиси сите фризерски салони. И додека сите мислеа дека не може да биде посреќна отколку што е, Анистон копнее по вистинска љубов. Токму поради тоа нејзиниот и агентот на Бред Пит одлучиле да им организираат состанок на слепо. Од 1997 година, кога се среќаваат, меѓу нив се раѓа хемија и започнуваат цврста врска, а одлуката да стапат во брак на сите им бише очекувана. Тие се венчаа на 29.јули 2000-тата во Малибу, а тоа беше уште една причина повеќе да бидат дел од гламурозната холивудска елита.

Во тоа време Џенифер станува сè поуспешна на деловен план. После „Пријатели“ следуваат остварувањата Bruce Almighty со Џим Кери, потоа Along Came Polly. Од проект на проект, контото на Анистон сè повеќе се зголемува, па нејзиното богатство во тој период ја надминува цифрата од 150 милиони долари.

Но, иако кариерата цвета, во семејството се јавуваат сериозни проблеми. Џенифер се одалечува од мајка ѝ Ненси, откако таа на таблоидите ќе повери информации од приватниот живот на ќерка си. Ненси оди дотаму што објавува книга „Од мајка и ќерка до пријатели: Мемоари“ во која пишува за интимните детали на Џенифер. Тоа пак резултира со одлуката на актерката да не ја покани мајка си на венчавка. После пет години, Џенифер одлучува да ѝ прости на Ненси.

Љубовната врска со Бред многумина ја нарекуваа љубовен рај, што придонесе шокот за нивните први проблеми да биде голем. Филмот Mr. and Mrs. Smith каде партнерка на Бред е Анџелина Џоли, носи сè поголеми немири во нивниот однос, и покрај тоа што во почетокот сè се сведува само на шпекулации. После извесен период се покажува дека Бред се вљубил во Џоли и се раѓа страсна романса, која во 2005 година резултира со развод на Анистон и Пит.

Иако за нејзиниот поранешен сопруг никогаш не изјави лош збор, многу се зборуваше дека Анистон навистина ја мрази Анџелина Џоли:

-Ќе одговорам колку што можам поискрено. Жал ми е што не беше макар малце внимателна кога зборуваше за врската со Бред, затоа што кажа дека се вљубиле додека ние живеевме заедно. Не беше ни малку „кул“ кога изјави дека едвај чекала да дојде на снимање за да го види. Зборуваше за работи за кои јас, во тоа време додека се случувале, немав поим. Мислам дека не беше примерено да зборува за тие детали – изјави филмската ѕвезда во една пригода и освои милион нови обожаватели, кои се восхитуваа на нејзината искреност.

После разводот следуваат неколку неуспешни врски. Беше верена со Тејт Донован, а потоа беше во врска со Винс Вон и Пол Скалфор. Во 2008 година има романса со осум години помладиот рок музичар Џон Мајер. Тој изјави дека одлучил да прекинат, затоа што не сакал Џенифер да губи време со него. Но, набрзо тие повторно се заедно.

За сето тоа време, постојано се шпекулира нејзините наводни бремености, како и тоа дека и покрај тоа што влегува во петтата деценија од животот, таа не сака да има деца и дека кариерата ѝ е на прво место.

-Би им била благодарна на медиумите кога би ме оставиле на мира со приказната за бременост. Многу пати го реков тоа и ќе повторам: сакам семејство и ќе имам деца. Не би го жртвувала мајчинството поради кариера и знам дека ќе имам потомство кога ќе дојде вистинското време за тоа – изјави актерката на која и покрај силната желба, никако не ѝ одеше од рака да се „скраси“.

Вистинска пресвртница во животот доживеа во 2011 година. Филмот Just Go With Its со Адам Сендлер доживува успех, а Џенифер ја продава куќата во Лос Анџелес и се сели во Њујорк. Истата година добива награда за најсексапилна жена после 40-тата... Исто така доби своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд, а во оваа година ја запознава сродната душа, Џастин Теро, со кого е и денес во врска.

item50.rendition.slideshowWideVertical.04-Justin-Theroux-Jennifer-Aniston

-Мојот живот се одигрува пред очите на јавноста и научив да не се нервирам поради тоа. Слушам лаги и некогаш посакувам да ги демантирам, но тогаш би дала уште поголемо значение. Ми пречи кога ќе кажат дека сум несреќна во љубовта, бидејќи сметам дека имав неверојатно многу среќа, само што не се вклопувам во традиционалниот концепт на задоволна жена, која би требала да има маж, две-три деца и убава куќа. Сакам кога сум вљубена, но можам да бидам среќна и без маж покрај себе – заклучува Анистон.

Jennifer Aniston and Justin Theroux OSCARS

Инаку, таа учествува во бројни фондации, кои им помагаат на заболените од рак, а сти така продуцираше и режираше десетина документарни филмови за правата на загрозените малцинства, хомосексуалци и оние кои го смениле полот.

Прогласена е и за една од највлијателните и најбогати дами во светот, а во 2005 година стана првата GQ жена на годината. Според листата на Форбс за 2007 година, таа е најпопуларното лице на филмската индустрија, а следната година е вклучена меѓу најмоќните личности, бидејќи во просек заработува по 27 милиони годишно. Но, освен тоа, често добива пофалби и за својот беспрекорен изглед, а омилена е и во модниот свет, за што сведочи и фактот дека не постои дизајнер со кој не соработувала. Сме ја виделе во креации на Валентино, Баленсијага, Барбери, Вивијан Вествуд, Диор, Шанел...

-Внимавам што јадам, посветено вежбам јога, медитирам, користам многу природни креми и се трудам да бидам позитивна. Верувам во new age философијата, космичката енергија, карма и длабоко сум убедена дека добрите работи се враќаат- заклучува актерката.

А во продолжение погледнете дел од нејзините највпечатливи модни изданија.

Објавено:
9 март 2015
Категорија: 
Модна икона