Ема Стоун: Млада модна икона што не го доживува овој епитет

6 мај 2014

Со својот шарм, сензуалност, но и едноставност, младата синоока актерка Ема Стоун дефинитивно е во листата на млади модни икони чиј стил фасцинира и останува долгорочно запаметен. Модните магазини одреден временски приод ја имаат како пример за тоа како треба да се носат одредени трендовски комбинации, но и оние безвременските. Ние би започнале од оној нејзин неверојатно добар стајлинг од  појавањето на неодамна одржаната  премиера на најновиот дел од популарното филмско остварување „Чудесниот Спајдермен 2“.

 

Ема меѓу присутните, освен што имаше една од главните улоги во филмот, беше и  меѓу највпечатливите на црвениот килим во пастелен макси фустан на Прада.  Како и секогаш воопшто не потфрли ниту со изгледот на престижната Мет Гала, каде носеше дводелен комплет од дизајнерот Thakoon Panichgul сочинет од краток топ во бебешко розова нијанса, надополнет со  макси здолниште со висок шлиц во магента нијанса.

 

Иако, веќе сите ја доживуваат како модна икона, таа го мисли сосем споротивното. Во едно неодамнешно интервју актерката изјавува дека не може да разбере која е причината што и се препишуваат безброј епитети поврзани со стилот. Но, јавноста и професионалците во модата не мислат така. Во однос на дневен изглед таа претпочита едноставни тренди кежуал комбинации, но не се плаши и да покаже малку кожа кога се појавува на разни забави и настани.

Од дневните стајлинзи најчесто носи цигара фармерки, што најчесто ги спојува со чизмички до глужд, оксфордки или балетанки. Секако, не ретко носи и мото јакни во различни модифицирани форми. Што се однесува на изгледите од црвен килим, дефинитивно го привлекува вниманието на сите кога ќе се појави, а со тоа веќе направила некакво влијание во модниот свет.

 

Значаен момент од нејзиниот изглед секако се и аксесоарите, кои најчесто се сведени на минимум, односно се дискретни, а во преден план секогаш е фустанот. Многу насловни страни, интервјуа, дефилирање на прекрасни дизајнерски фустани од реномирани модни куќи и брендови. Ема едноставно вледее!

 

 

 

Објавено:
6 мај 2014
Категорија: 
Модна икона