На денешен ден, 1ви јули, 1977 година е родена познатата актерка и моделка Лив Тајлер. Нејзината кариера започна во 90-тите години со незаборавните улоги во филмовите "Empire Records" и "Украдена убавина" (Stealing Beauty). Таа се здоби со голема слава и со впечатливата улога во Трилогијата "Господар на прстените" (Lord Of The Rings).

Покрај успешната актерска кариера, таа е позната и по успесите како модел. Во 2003 година стана заштитно лице на парфемите и козметиката на Живанши, комбинирајќи ја својата убавина со чувство за стил. Со оваа соработка таа направи значаен бизнис отскок во нејзината кариера и во препознатливоста на нејзиното име.

Нејзиниот приватен живот е подеднакво исполнет. Тајлер е посветена мајка на три деца која успешно балансира меѓу професионалното и приватното. 

Фото: Getty Images

 

 

Објавено:
1 јули 2024
Категорија: 
Модна икона