„Таа е толку необична“ албум од 80-тите кој и сега ја дефинира Синди Лопер

28 октомври 2014

 

Музичкиот албум од 1983-тата година „She's so Unusual“  како и песната од истиот што до ден денс ги поврзува сите девојки од различни генерации,   „Girls just wanna have fun“, беше пресудната во тој период, уникатната пејачка Синди Лопер на најфеминистичкиот начин преку музика да создаде женско обединување. И не само нумерата што ја обележа музичката кариера, туку и насловот на тој албум во целост ја опишува нејзината сценска еклектичност и некомформизам.

 

Неуморна, енергична, автентично-оригинална, Лопер и по 30 години кариера, царува на сцената следејќи го сопствениот стилски идентитет. Таа  е „истата“ музичка и модна икона, што со пасија твори и ја дополнува сопствената историја. Досега во пар наврати сме пишувале за нејзините успеси, но овој пат се фокусираме на нејзиниот сценски и приватен стилски печат.

Не можеме да го заобиколиме црвениот бохо фустан од спотот на добро познатата песна, кој го носи во тој период  на сопствен индивидуалистички начин, декориран со многу панк-рок аксесоари што остануваат нејзинa препознатливост низ годините. Лопер, слободно можеме да ја наречеме кралица на трансформациите во однос на промените на боите и фризурите што ги прави во континуитет. Нејзината коса досега била во сите множни бои од: руса, сина,розова,црвена,тиркизна,црно-бела и која уште не, како и во необични форми од кратка и долга.

Модните вибрации на пејачката,текстописец и актерка пулсираат во иста енергија и на 61 -годишна возраст. Изминатиот месец јули Синди имаше турнеја, а на повеќето настапи на сцена носше темна наметка со качулка контурирана со животнински принт кој и е еден од омилените.

 

Колоритноста во однос на сценските стајлинзи низ времето постојано се смируваше кон монохроматиката, но сепак изгледите секогаш останаа надополнети со препознатливите впечатливи аксесоари, уникатната фризура и обувки. Во однос на приватниот стил, за разлика од сценскиот, истиот е во драстично посмирена варијанта од темни бои, како црната и сивата, присутен е повторно животинскиот принт, како и поп-арт-от кој исто така и е меѓу приоритетите на парчињата облека.

 

Меѓу последните специфични стајлинзи надвор од сценските, е оној каде таа на доделувањето на Греми наградите 2014 година, носи  креацијата на Александар Меквин, надополнет со масивен ѓердан и ориентални алки на раце.

Синди во креација на Александар Меквин Синди во креација на Александар Меквин

Доколку не сте знаеле, според физикусот на  Синди Лопер изработена е и автенична кукла, која комплетно го доловува нејзиниот визуелитет.

 

Во продолжение погледнете ја богатата галерија на модната икона што никогаш не се плаши од трансформациите и поинаквоста од сите останати.

 

 

 

Објавено:
28 октомври 2014
Категорија: 
Модна икона