Иако има само 24 години, веќе важи за модна икона на црвениот килим. Тејлор Свифт е американска пејачка која кариерата ја почна со кантри стил. Во 2006 година таа го објави својот прв деби албум, кој стана мулти-платинум. Вториот беше исто толку успешен, а и донесе Греми за најдобар албум на годината. И третиот албум беше продаден во милион копии, а со тоа кариерата на Тејлор растеше само во нагорна линија. Настрана од нејзината музичка кариера, Свифт исто така стана миленичка на модните критичари, магазините,трендсететките. Откога се појави таа нема ниту едно модно промашување на црвениот килим, туку напротив, го има најдобриот стајлинг од сите. Нејзиното „извајано“ тело и одличната конституција едноставно и дозволуваат да носи секакви кроеви и модели, а притоа сите да и стојат беспрекорно. Дизајнерите и брендовите без никаква резерва, со сигурност преферираат нивните креации да ги носи Тејлор, бидејќи е повеќе од јасно дека потоа токму тој фустан ќе биде меѓу најбараните. Во едно интервју за американски моден магазин пејачката открива дека омилен изглед од црвениот килим и е оној од британските музички награди во 2011 година, каде носи црна макси тоалета на Ели Саб.
-Зачекорив на црвениот килим на мои 16 години, а бидејќи ја пропуштив матурската вечер, тогаш со задоволство сакав да носам свечени фустани. Сепак, јас се уште немам самодоверба и се плашам од големи фото-галерии од мене, искрено изјавува Тејлор.
Но од кого се инспирира и воодушевува Тејлор? Нејзина инспирација е американската актерка и танчарка Сид Чарис, за која вели дека е безвременска класика и модна икона од 40-те и 50-те години.
-Таа е перфектна зашто е своја во модните избори, а токму тоа го почитувам. Доколку успевате во тоа, тогаш ја покажувате и вашата личност и карактер преку облеката, вели Тејлор.
Но, црвениот килим не е единственото место каде плени со изгледот, а дека има изострен вкус за мода, се доказ нејзините дневни комбинации од улица. Свифт обажава да носи тренди спортски парчиња, рамни чевли, но и романтични бохо комбинации што повторно одлично се прилепуваат на нејзиниот карактер.
Од продолжение погледнете ја галеријата на многуте импресионирачки стајлинзи на славната пејачка.