Пред да стапат Ким Кардашијан и Ен Никол Смит на сцената, постоеше За За Габор, гламурозна вљубеничка во мода, мажи и удобностите што парите можат да ги купат.
Убавата унгарка, што и да направеше во животот, го правеше гласно, сакајќи да покаже дека е тука и дека ја носи забавата со себе.
Габор беше актерка, забавувач, позната личност во елитните кругови, еден тип на ретро старлета. Таа никогаш не сакаше да зборува за нејзината возраст, велејќи само дека е родена на 6 февруари.
За За пораснала во богато семејство, а заедно со двете сестри, важеле за најубавите девојки во земјата.
Татко и бил војник, па ги воспитувале малку построго.
Убавината на Габор ѝ донела неколку признанија, сè додека еден виенски тенор не ја октрил во 1936 и внел во светот на шоубизнисот.
Со избувнувањето на Втората Светска Војна таа со сестрите заминува за САД и го остава првиот сопруг, Бурхан Белге, турски дипломат.
Во САД нејзиниот актерски талент не бил многу ценет, но За За сепак се појави во повеќе од 30 филмови.
Нејзиниот експлозивен темперамент подоцна во животот ѝ донесе голема публика, на разните забави и шоуа што ги приредуваше.
Беше во брак дури девет пати, постојано со богати мажи и водеше екстравагантен живот, не штедејќи на убава облека и скап накит.
Покрај деветте брака, За За имаше и многубројни љубовници, како Ричард Бартон, Шон Конери, Френк Синатра, но и Кемал Ататурк што ѝ донесе многу негативни коментари.
Габор беше мајка на само едно дете, ќерка, Франческа Хилтон, а со последниот сопруг посвоија момче.
Старлетата секогаш зборуваше отворено за љубовта и правото на жените да посакуваат.
Она што го говореше го преточи во три книги: How to Find a Man, How to Keep Him, How to Get Rid of Him, Za Za's Complete Guide to Men и One Life Is Not Enough.
Таа почина на 99 години во својот дом, покрај последниот сопруг, 26 години помладиот принц Фредерик. На нејзина желба, немаше жалење и погреб, туку голема забава со шампањ, кавијар, цветен декор и музички бенд.
За За покрај со нејзината енергија, фасцинираше и со смислата за мода, секогаш одбирајќи гламур и впечатливи парчиња како тоалети и костими што ги истакнуваат атрибутите.
Беспрекорната фигура и овозможуваше да изгледа подеднакво добро и во костим за капење и во предимензионирани фустани, што само го потенцираа нејзиниот темперамент.
Како што одминуваа годините, така За За ја следеше и на некој начин ја диктираше модата, барем во оние елитни кругови во кои остана до крајот на животот.
Фото: Pinterest