10 стилски моменти вредни да ризикувате

9 јануари 2014

Не секогаш сме подготвени да облечеме одредени парчиња облека и тоа најчесто поради фактот дека ни недостига модна храброст како и самодоверба дали добро ќе ни прилегаат. Во некои од случаите тоа е добро, но одредени комбинации и конкретни парчиња од истите можат да придонесат да блеснете во сосема поинакво модно светло, па и самите да бидете изненадени од крајниот ефект. Славните личности секогаш се тука да не инспирираат, а во продолжение погледнете 10 храбри стајлинзи што можеби ќе ве мотивираат да ги пробате.

hbz-fi

Покажете кожа на вистикското место. Голите рамена беа апсолутен хит во 80-те, а сега тој е повторно актуелен. Изгледа секси а сепак не пренагласено.

Сакото го има главниот „збор“. Во овој случај машкиот изглед од костумот е исто толку впечатлив како и фустан. Сепак, со напомена дека ваквото носење на палтото повеќе им прилега на девојките што немаат големи гради.

Пример дека розово не е само за мали девојчиња. Сандра Булок во креација на Алекс Пери, која иако е розова изгледа романтично,елегантно и софистицирано.

Вечерно здолниште со секојдневна блуза. Оваа храбра комбинација на Никол Ричи е доказ дека е време да експериментирате со ваквите парчиња облека.

Соланж Ноулс во целосна принт комбинација. Доказ дека принтот може да допринесе за ведра и забавна комбинација.

Блузон со миди транспарентно здолниште. Интересен спој што дефинитивно одвлекува внимание. Изгледа интересно за смели индивидуалисти.

Корсет комбиниран со елегантни парчиња. Салонките, коресетот и се она што мислите дека може да се носи само навечер, пробајте да го комбинирате со дневни парчиња. Треба да бидете навистина умешни за да не погрешите.

Не отстапувајте од белите комбинации. Надополнете ги пример со некоја друга боја на палто и тука веќе имате полн погодок.

Фустан со суптилно нагласен топ. Топовите како горно парче се само за девојки што имаат рамен стомак. Доколку не сакате да го откриете стомакот целосно, пробајте да најдаде ваков фустан што е одлична замена ако сакате да носите нешто слично.

Различни принтови. Не секој е подготвен да меша принтови, а верувајте дека баш тој тренд ќе биде еден од најактуелните за претстојната сезона.

Објавено:
9 јануари 2014
Категорија: 
Направи сам