Да се потсетиме на најлошите трендови

20 декември 2013

Личностите што се уште не го пронашле својот стил често прават екстремни промашувања од изгледот, пред се поради слепото робување на трендовите. Секоја година носи нови модни предизвици, кои се разбира на едни ќе им се прилепат како што треба, а на други не. Сигурно сите ќе се сложиме дека одредени трендови што се актуелизираат години наназад, се толку досадни и невкусни, што ни дозволуваат дури и да донесеме суд за некоја личност која можеби и малку ја познаваме. Слепото следење на трендовите дефинитивно може да ве направи неуредни во очите на другите, затоа ајде да се потсетиме кои се парчињата облека што веќе ни досадија и треба да ги тргнете од вашите гардеробери или поточно да ги „олабавите“.

Невкусни комбинации со хеланки

Неколку пати сме пишувале дека хеланките повеќе имаат улога на хулахопки отколку на фармерки или панталони. Оваа „лекција“ треба да ја знаете на памет и никогаш да не ја погрешите. Не ги носете хеланките со кратки блузи,кошули или маички што откриваат поголем дел од вашите нозе и задник. Ваквиот начин изгледа многу невкусно!

UGG чизми

Трендот на овие чизми го наметнаа славните личности, пред неколку години наназад. Не е дискутабилен нивниот изглед, туку тоа што некои ги носат за секакви прилики. Треба да знаете дека овој модел на чизми е само за студено време и за дневни комбинации, вечерните се сосем исклучени. Патем, веќе ги носат сите, а вие сигурно не сакате да бидете униформирани. Сега има толку многу широк спектар на модели на чизми со крзно, така што, овие е време да ги исфрлите од употреба.

Транспарентни парчиња

Кошули и блузи од кои се гледа долната облека, можеби се ин, но комбинирајте ги внимателно. Ако веќе имате вакви парчиња, барем комбинирајте ги со пуловер или сако врз нив. Сепак, комплетно транспарентно и не изгледа баш вкусно, посебно не за некоја формална прилика.

Чевли со екстремно висока платрофма

Ваквиот модел на чевли и чизми го актуелизираше ексцентричната Лејди Гага. Таа е препознатлива по тоа, но не мора и вие. Овој модел навистина го пробаа речиси сите девојки , но ретко на која и прилегаа. Според нас, на овие чевли треба да заборавите.

Флуросцентни бои

Светските дизајнери и модни куќи и за следната топла сезона ви ги предлагаат флуросцентните парчиња. Ако толку многу ви се допаѓаат, секако можете да ги имате и носите, но немојте во зима.

Аксесоар во вид на був

Зарем има девојка или жена што нема ваков аксесоар. И од ова парче накит се презаситивме, освежете го накитот со нешто ново, а бувот оставете го за некое друго време. Ако толку многу не можете да се разделите од ваквите додатоци, пробајте да си набавите некое поуникатно, што не го имаат сите.

Премногу кратки панталони

Сите си сакаме кратките летни и зимски панталончиња. Но, премногу кратките модели што потсетуваат на долна облека изгледаат вулгарно. Наш совет е да поседувате такви што се кратки во границите на нормалата.

 

 

Објавено:
20 декември 2013
Категорија: 
Направи сам