Како да комбинирате волуменозна тексас јакна?

20 јуни 2014

Веруваме дека веќе сте вљубени во волуменозните фармерки на вашето момче што обожувате да ги комбинирате со лежерна бохо маичка, но овие денови ние сме опседнати со нивната пријателка – волуменозната тексас јакна.

Со оглед на свежото време во кое уживаме, повеќе или помалку, овие денови, дефинитивно ни е потребна некоја јакничка која што ќе можеме да ја носиме врз летните комбинации што веќе си ги испланиравме.

Алекса Чанг Алекса Чанг

Волуменозната тексас јакна е вистинското ИТ парче за оваа сезона! Доколку не успеавте да си купите, тоа воопшто не е проблем, бидејќи ние сме сигурни дека веќе имате една ваква длабоко во плакарот на вашата мајка или татко. Воопшто не двоумете се доколку истата е избелена, бидејќи токму тоа е она што се бара сезонава.

Освен тоа што е ултра модерна, истата е многу лесна за комбинирање. Носете ја со фармерки и маичка одоздола, со здолниште со висок струк и лесна кошула или нашата омилена комбинација – тексас јакна со лежерен бохо фустан.

Ова парче ќе внесе свежина во сите ваши комбинации и дефинитивно ќе биде летна класика без која нема да можете да излезете од дома!

 

За вљубеничките во елечињата пак, оваа сезона вистински хит се волуменозните излебели елечиња, а доколку се прашувате каде да ги најдете, еден тотално кул ви препорачува и одличната Зара!

Зара Зара

Објавено:
20 јуни 2014
Категорија: 
Направи сам