Какво деколте соодветствува на вашите гради

17 јануари 2014

dekolte

Градите важат за еден од најженствените делови на телото и нешто што прво се забележува кај жените. Дали тоа треба да е така или не, сега нема да навлегуваме, но како и да е, нивното истакнување никогаш не излегува од мода. Но, ако веќе сте одлучиле да ги ставите во прв план, треба да знаете како соодветно да ги истакнете и да го изберете вистинското деколте. Понекогаш и покрај тоа што имате убави гради, ако немате соодветно деколте, може да изледате невкусно и непропорционално.

Затоа треба да следите мали „правила“ или совети за тоа што најдобро ви соодветствува.

1.Големи округли гради

60904616-sofia-vergara-kroj-dekolte-grudi

Раскошните гради бараат умно одбрано деколте кое ќе ги позиционира градите, ќе ги крене, но сепак се ќе биде под контрола. Деколте со благ V израз, коцкастиот или округлиот се идеални за големи гради и визуелно ги намалуваат. Длабокот деколте, рамните отвори и сите кроеви без прерамки не се добра опција, бидејќи ќе ги направат спуштени и сплескани градите.

2.Кренти гради со средна големина

60904618-jessica-alba-grudi-dekolte

Пример за совршен облик на гради се кренати со средна големина, затоа што на нив им прилега речиси секој крој на деколте. Длабокиот V израз ја нагласува нивната „полност“, не преминувајќи ја границата на добриот вкус. Рамните отвори како оние без препрамки и прерамки, исто така се одличен избор. Сепак, кројот кој комплетно „го голта“ овој облик на гради е „грчкото“ деколте.

3.Мали цврсти гради

60904632-kate-hudson-dekolte-grudi

Дамите со мали гради никако не треба да избегнуваат деколтирани кроеви, како што најчесто прават. Грудите со мал облик одлично соодветствуваат длабоко деколте. Срцевидните деколтеа и „грчкото“ визуелно го зголемуваат овој облик на гради. Ткаенините со набори, карнери и украси дополнително ќе ги нагласат и ќе создадат впечаток на поголеми гради.

4. Големи гради со облик на круша

4

Овие гради најчесто ги опишуваме како оние со неправилен обрик, што пак, не ја намалува нивната раскошност. Добро одбраното деколте може дополнително да ги истакне, а тоа ќе го направи крој на корсет, овален израз или коцкаст. Исто така, со вакво деколте треба да има и прерамки.

Објавено:
17 јануари 2014
Категорија: 
Направи сам