Комбинации со кои облеката за на работа никогаш нема да ви биде здодевна

21 октомври 2013

Со оглед на тоа што во многу компании и институции има одредени правила на облекување што мора да се почитуваат, многупати комбинациите за на работа знаат да бидат здодевни.

Но, она што вие дефинитивно може да го направите е да внесете малку боја и да ги разведрите вашите комбинации. Само поради тоа што на работа мора да носите здолниште до колена, панталони и кошули, не значи дека не може истите да ги одбирате со стил и во интензивни бои.

Мора да признаете, во многу од компаниите не бараат ограничување со бои, па така парчињата облека не мора секогаш да ви бидат во бела, црна или сива боја. Доколку сепак се одлучите за овие бои, погрижете се задолжително на себе да ставите интересни и впечатливи модни додатоци.

Во продолжение погледнете некои од нашите примери и комбинации кои може да си ги прилагодите на вашиот стил и облека и да ви бидат водич во вашето секојдневно бирање облека за на работа.

Запомнете, секогаш на себе имајте нешто што ќе ви го разведри денот!

Објавено:
21 октомври 2013
Категорија: 
Направи сам