Кратки совети за новогодишните модни дилеми и одлуки

23 декември 2013

Модните насоки и одлуки за свечените празнични комбинации и деновите потоа се одличен повод да го подобрите стилот на облекување или едноставно да промените нешто. Ви пласираме неколку кратки совети од професионални стилисти, што можеби ќе ви помогнат полесно да ги решите дилемите кои парчиња полесно да ги присвоите до вас.

Освежете ја гардеробата

Без оглед на тоа колку облека имате, доколку голем дел од неа не ја носите и така ви стои во гардероберот, издвојте ги токму тие парчиња и поклонете ги на некого што мислите дека ви прилегаат или подарете ги во добротворни цели. Така новата 2014 ќе ја почнете со нови нешта.

Трошите разумно

Ова не значи дека секогаш треба да штедите. Многу е важно паметно да ги вложите парите. Така, наместо да купувате евтина облека со лош квалитет, вложите ги парите зо парчиња што ќе ви траат подолго и ќе изгледаат добро на долги стази.

Пробајте нешто ново

Промената секогаш е добредојдена, но не претерувајте со стил кој досега не сте го пробале. Бидете она што сте и обидете се да имате на вас нешто ново што ви прилега на вашиот сензибилитет, а досега не сте имате можност да го носите.

Повеќе боја

Започнете ја новата година со весели бои. Ако не сте подготвени да ја менувате бојата на гардеробата, пробајте со накитот.

Личен печат

Ова се надоврзува на горенаведеното да пробате нешто ново, но без да се плашите да ризикувате. Модата е толку флуентна така што ви дозволува да се пронајдете низ многу креативни и инспиративни моменти, што можеби ќе го истакнат најдоброто на вас.

 

Објавено:
23 декември 2013
Категорија: 
Направи сам