Занаетот злато вреди... И како „изумираат" старите занаети, веројатно се повеќе ја сфаќаме нивната вредност и колку се незаменливи и покрај сите предности на новото време.
Но, од друга страна радува тоа што се повеќе млади луѓе од новата генерација, покажуваат интерес за одредени традиционални занаети и нивно оживување во модерен дух.
View this post on Instagram
Барем ова е забележителен тренд на Инстаграм, каде се почесто сретнуваме профили посветени на ракотворби, изработени во различни техники. Можеби побарувачката на странскиот пазар и високото вреднување на ракотворбите во онлајн продажбата или можеби потребата да се остави уникатен печат, во време на униформираност – која и да е причината, забележителен е зголемениот интерес.
Меѓу таквите е и инстаграм профилот @lenkaembroidery, посветен на рачната изработка на везови на ѓерѓеф, со уникатна тематика.
Профилот постои од 2019 година и за него одговорни се магичните раце и креативните идеи на 24-годишната Елена од Скопје.
Во своето објаснување за целиот концепт на овој нејзин креативен подвиг вели дека:
Главна цел на Ленка е да го приближи везењето како стар традиционален занает кон младите генерации на нов и иновативен начин, следејќи ги светските трендови и стандарди.
И еве како Елена тоа го прави...
Доволно инспиративно, зарем не?
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram