Моден рецепт: Од апостолки - сандали
•
26 јули 2013
Секој од нас има апостолки кои не му се допаѓаат многу, или пак се веќе стари. Но, тоа не значи дека не можете веќе да ги носите. Сега, од апостолки можете да направите сандали.
Се што ви е потребно е стара марама или правоаголно парче материјал со дезен што ви се допаѓа.
Обивткајте го материјалот околку страничките делови на апостолките, со тоа што во средината ( делот што е меѓу прстите), врзете го материјалот во јазол.
Откако ќе ги обвиткате, вкрстете ги лентите и врзете ги околу глуждот и ќе добиете нови сандали.