Направете елек – кардиган за неколку минути

1 октомври 2014

Во продолжение ќе ви презентираме како сами да изработите елек – кардиган кој е добар за комбинација со фармерки или хеланки и маица и е одлично парче за претстојната сезона. За изработка на истиот, потребни ви се: парче материјал од вискоза 3x1,5 метри, метро, ножици и креда.

Склопете го материјалот по ширина на пола и со помош на метрото од завршетокот каде што материјалот е преклопен, измерете ја ширината на рамената и најдете ја точната точка за пресек.

Искористете некој кружен предмет, како на пример чаша и со помош на креда, исцртајте круг на местото каде што е точката на пресек.

Исечете го кругот и елекот е спремен за носење!

Објавено:
1 октомври 2014
Категорија: 
Направи сам