Направете сами – висечки полици за вашиот дом

23 август 2016

Висечките полици се декоративен елемент што на едноставен начин може да го имплементирате во вашиот ентериер, независно дали се работи за вашиот дом или канцеларија.

Покрај естетската функција, висечките полици се корисни и од аспект на практично заштедување на просторот.

Може да ги искористите како полици каде ќе ги поставите вашите омилени книги, рамки со слики или предмети што секојдневно ги користите.

Толку се едноставни за изработка, што може и сами да ги направите во домашни услови и не бараат голема инвестиција. Еден пример е да искористите обични дрвени парчиња и да ги закачите на плафонот со јаже... А за тоа како ќе ги комбинирате, варијантите се бројни и оставаме се на вашата креативност и имагинација.

Во продолжение ви пренесуваме неколку инспиративни идеи.

 

Објавено:
23 август 2016
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
2.379 пати