Направете си ракавици со откачен дезен

16 ноември 2013

05

Ако сакате да имате интересни ракавици оваа зима, да речеме како оние од Бурбери, можете и сами да си ги направите.

Во продолжение ќе ви прикажеме како да направите ракавици со дезен на срце, иако вие можете да го менувате, па можат да бидат точки, ѕвезди или пак се што ќе посакате.

А за да ги направите потребни ви се ракавици, ленти, ножици, хартија, боја за текстил, четка и малку време.

01

1. Првин направете шаблони од  цврста хартија, со помош на кои потоа ќе ги исшарате ракавиците.

02

2.Потоа шаблоните залепете ги со леплива лента на ракавиците, на места и во положба која мислите дека ќе соодветствува.

03

3. Со боја исполнете ги празнините на шаблоните и оставете да се исушат. Тргнете ги лентите и хартијата и вие веќе ја имате својата верзија на Бурбери ракавици.

04

05

 

Објавено:
16 ноември 2013
Категорија: 
Направи сам