Пред некој ден ви претставивме рецепт за најубавото топло чоколадо за оваа студена сезона, па и денеска продолжуваме во сличен стил.
Веруваме дека нема човек на планетава што не сака чоколадо, а уште ако истото е домашно и навистина здраво, тогаш имаме полн погодок.
Во чоколадата што ги купуваме, ќе најдете различни адитиви, конзерванси, вештачки бои и други штетни состојки, но ќе се заљубите од прва во она што самите ќе си го направите дома.
Домашната чоколада е полна со здрави состојки, а истата и брзо се подготвува, односно потребни ви се само 15 – тина минути.
Состојки:
½ шолја какао во прав
¼ шолја кокосово масло
¼ шолја јаворов сируп
Малку морска сол
Подготовка:
Ставете го какаото во длабок сад. Додајте го кокосовото масло, јаворовиот сируп и солта. Добро измешајте ги сите состојки додека не добиете хомогена смеса.
Обложете ја тавата за печење со хартија и нанесете ја чоколадата и израмнете или пак направете некои посакувани форми.
Вака подготвена, ставете ја чоколадата во ладилник барем еден час и потоа со остар нож сечете си форми во посакуваната големина.
Додека ја подготвувате, во истата можете да ставите разни јаткасти плодови или нешто по ваш избор.
Уживајте.