Нека стигне пролетта порано во вашиот дом

13 март 2014

Доколку сте љубители на цвеќе, сигурно знаете дека токму тие дарови на природата  придонесуваат  за позитивна енергија во домот. Ако пак сте нетрпеливи да дојде вашето омилено годишно време- пролетта, не мора да чекате туку  „донесете“ ја сами во вашиот дом. Ако имате доволно слободно време, но и креативна енергија, почнете да создавате цветови од најразлични материјали што сигурно ги имате некаде по фиоките. Рачната изработка на декоративни елементи за во домот исто така е добра и за релаксација, а пак финалниот производ дополнително ќе ве расположи вас и вашите најблиски.

 

Во зависност од вашиот вкус, изберете кои изработки од галеријата во продолжение најмногу ви се допаѓаат, а потоа почнете да ги прибирате сите потребни елементи. Претежно, повеќето од предложените идеи се изработени од хартија и разни текстилни материјали и бои. Поголемиот дел од нив се многу лесни за изработка, а фотографиите ќе ви бидат доволни за да сфатите како да ги финализирате, а сигурни сме дека ќе дојдете и  до сопствени креативни идеи.

Објавено:
13 март 2014
Категорија: 
Направи сам