Кога ќе помислите на бисери, мислите на Коко Шанел, на Одри Хепберн, всушност мислите на дама.

Тие се симбол за елеганција и софистицираност, совршен моден додаток за едноставна комбинација, особено ако се работи за „малиот“ црн фустан.

Но, со оглед на тоа дека сè повеќе Високата мода се меша со уличната, Карл Лагерфелд веќе одамна ги вметна бисерите на јакните од твид, шнолите, чантите...

Во продолжение ви даваме неколку поинакви предлози како можете бисерите да ги вметнете во секојдневниот изглед:

Бисери како украс во коса

-Ако сте љубител на 1920-тите и чарлстон девојките, тогаш ова ќе ви се допадне многу.

 


Бисерите како дел од поинакви, впечатливи ѓердани

Бисери и безопасни? Да!

 

 

Бисерите како украс на омилените фармерки

-Ако може Лагерфелд да ги става на парчиња облека, зошто не и вие да не го направите тоа.

 

 

Бисерите како украс на фустан

-Едно од најефектните решенија да го привлечете вниманието.

 

 

Бисери на очилата за сонце

-Благодариме Долче и Габана за инспирацијата.

Објавено:
26 април 2016
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
996 пати
Тагови: 
бисери