Одмор: Како да не се претрупувате со облека?

6 јули 2021

Кога одиме на одмор, честопати знаеме да го спакуваме буквално цел гардеробер. А кога ќе отидеме, се фаќаме како носиме максимум 5 комбинации.

Доколку периодов сте во фаза на планирање на одморот и би сакале да изиграте паметно при пакувањето на потребната облека, ние направивме список на (максимум) 20 парчиња кои од кои можете да направите речиси исто толку комбинации, што е сосема доволно за 10 дена на одмор ако претпоставиме дека менувате две дневно.

Еве го нашиот список:

-макси фустан

-миди фустан

-мини фустан

- широки панталони (еден до два пара)

-маичка на прерамки х2

-топ (модел по желба)

-шорц - еден тексасен и еден ленен или од друг пријатен материјал

-бела маица х2

-маици со принт или какви и да имате х2

-тексасно здолниште или било какво што ви е практично и погодно за комбинации

-широка кошула

-блуза/кардиган со долги ракави

-тексасна јакна

-сандали/еспадрили/влечки

-костими за капење

 

А во продолжение и погледнете предлози како да комбинирате такви парчиња. 

Објавено:
6 јули 2021
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
3.091 пати