Од подглавјето под наслов „Тајните за женската убавина“ издвоивме 5 бизарни совети за убавина.
Редовно миете ги очите
Нема ништо поатрактивно од блескави очи, а за постигнување на овој ефект се препорачувало редовно миење на очите со сапун.
Не го миете лицето
Самиот факт дека се барало редовно миење на очите но не и на лицето самото по себе говори за контрадикторноста на советите. Во 19 век се препорачувало жените да го поминуваат лицето со глицеринска маст или памук, а за дама се сметала онаа која дури три години не го миела лицето, а сепак кожата и изгледала чиста и негувана.
Обидете се да не ги миете рацете
Во 19 век за убави раце се сметале оние кои биле меки, нежни и кожата не била исушена од постојаното миење. Исто како и за лицето, се препорачувало користење на глицеринска маст, а при туширање се препорачувало да се користат ракавици за рацете.
Секој ден туширање голи пред прозор
Ова уште се нарекувало туширање во парови бидејќи жените се туширале во близина на прозорот, а со тоа што измамувале погледи на минувачите се сметало дека е туширање во парови. Доколку на жената и било ладно додека се тушира, се препорачувало да танцува.
Големина на усните
Во 19 век големо внимание се посветувало на убавината на жените, а за привлечни се сметале оние кои имале убави и сочни усни. Токму затоа се барало навремено информирање за начините на кои можело тенките усни да се направат да изгледаат како полни усни, но детално не се опишуваат постапките во енциклопедијата.
Бонус совет – туширајте се редовно, но не ја миете косата!
Како и другите контрадикторни совети така е и овој кој гласи вака – туширајте се најмалку три пати неделно, но не ја мијте косата!