Природни начини како можете да ја обоите ткаенината

17 декември 2013

prva

Многу природни намирници се одлични за боење ткаенини и секако тоа се оние чии дамки тешко се перат. Ако сакате да сте еколошки освестени, а згора на сè имате малку време и сте креативни, тогаш ткаенината можете да ја обоите со некои нови корисни вештини, кои ќе имате можност да ги прочитате во продолжение.

Бои од овошје

Тука мислиме на малини, капини, боровница, вишна, цреша... Овој тип на овошје ќе создаде фина розово-црвено-бордо нијанса на ткенината. Во оваа група можат да се додадат и сливите, кои ќе дадат виолетов тон на материјалот.

Она што ви е потребно вода, сол или оцет, ткаенина од природен материјал – свилата најдобро ќе ја апсорбира бојата, но ленот и памукот се исто така добри. Муслинот е исто така опција. Голем лонец, кој не го користите во секојдневна употреба и овошје.

Важно е да се напомене дека за сите бои на база на овошје, ткаенината претходно треба да се фиксира со сол или оцет, за бојата да остане фиксирана. Ставете ½ лажица сол во 8 лажички студена вода и голем лонец, а ако одберете оцет тогаш мерката 4 филџани сол во осум филџани студена вода на 1 шолја оцет. Ставете ја ткаенината во смесата и варете околу еден час.

šljiveA

Од друга страна, лушпата од овошјата (или пак цели плодови, зависи за што ќе се одлучите), ставете ги во друг сад со вода, а количеството вода одредете го според количеството на ткаенина што сакате да ја обоите. Овошјето нека се вари еден час. Откако ткаенината е фиксирана, исплакнете ја со студена вода. Овошјето процедете го, за да го раздвоите од течности и ставете ја ткаенината во обоената вода. Ако сакате нијансирана ткаенина тогаш можете само едната половина да ја обоите. Колку долго ќе ја оставите ткаенината во обоената вода, зависи колку сакате да ви биде интензивна бојата.

Боење со чај

čaj

Црниот чај ја бои ткаенината во беж нијанси. Интензитетот на бојата на ткаенината ќе зависи од количеството на употребениот чај и времето на боење на материјалот. Откако ќе го одредите количеството вода за боење на материјалот или парче облека, измерете колку шолји чај изнесува тоа количество вода. Ако сакате да добиете нежна боја, тогаш доволна е една вреќичка чај по шолја, а за интензивна две филтер ќесички, па дури и повеќе на една шолја чај. Откако водата ќе изврие, оставете ги вреќичките со чај во неа најмалку половина час. Извадете ги вреќите и оставете водата да се излади. Потоа сувата и чиста ткаенина ставете ја во ладниот чај најмалку 10 минути. За поинтензивна боја, оставете ја и повеќе. Откако ткаенината ќе ја извадите од чајот, оставете ја сама да се исцеди и полека да се исуши. Чајот од боровница и хибискус може да се употреби исто така и ќе даде нијанси на црвена, додека чајот од киви, нежно зелена боја.

Објавено:
17 декември 2013
Категорија: 
Направи сам