Сигурни сме дека голем дел од вас што нè читате во моментов макар еднаш во животот посакале да имаат кратка коса, но не се осмелиле да го направат тоа затоа што не биле сигурни дали добро ќе им стои, бидејќи би се работело за драстична промена.
View this post on Instagram
За ова, секако е препорачливо да се консултирате со професионално лице, но доколку сакате да знаете дали имате предиспозиции и малку да се забавувате, направете го следнов трик.
Потребни ви се молив и линијар.
Моливот ставете го хоризонтално под брада. Линијарот поставете го во линијата на увото. Ако одалеченоста помеѓу ресичката на увото и моливот е помала од 5.5, значи дека вашето лице е идеално за кратка фризура.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Доколку пак, растојанието е поголемо, тогаш подолгата коса е подобар избор за вас.
Оваа метода ја развил Џон Фрид, познат како гуру за фризури.
Какви резултати добивте? Споделете со нас :).