Се подготвуваме за Велигден: 10 едноставни направи сам идеи за декорација

16 март 2022

Велигденското расположение го започнуваме со 10 предлогзи за направи-сам. Можете да ги вклучите децата во овие проекти и да си ги разубавите празничните денови:

 

Велигденски вреќички

Купете обични ќесички хартиени и исцртајте ги со фломастер, а горниот дел заврзете го и направете ушиња.

 

Велигденско венче

Искористете стара основа, од некој што го користите за Божиќ или пак од ланскиот велигденски и декорирајте го со лушпи од јајца, суви цвеќенца и треви, пердуви.. Дури и се' што сметате дека е распар, можете да го искористите и да го збогатите.

 

Шеќерни велигденски јајца

Потребен ви е само шеќер и лепак. Поминете го јајцето со лепакот на места каде што сакате да нанесете шеќер и оставете да се зацврсти. Многу поедноставна варијанта, ако онаа со кристали додека се варат јајцата ви е премногу комплицирана, а го сакате тој ефект.

 

Велигденска корпичка

Искористете ги хартиените табли за јајца, така што ќе ги исечете на парчиња и ќе ги обоите во саканите бои. Со лепак, залепете некое пердувче или суво цвеќенце, ливчиња и слично и ќе добиете супер украс за во домот, но и за на маса.

 

 Велигденски подарок

Земете поголема ткаенина во квадратна форма или пак искористете салфетки. Едната за да ја облепите основата, а со другата да ги направите ушињата. 

 

Велигденски гнезда

Потребен ви е само памук, ако имате веќе во боја уште полесно, ќе треба само да го обликувате. А ако имате бел, а сакате да е во некоја друга боја, можете да го направите тоа со прехрамбена боја, или пак со водени боици, боја за јајца и слично... Оставете потоа само да се исуши и повторно обликувајте.

 

Цветни велигденски јајца

Не можете да згрешите со оваа декорација. Искористете старо суво цвеќе за украсување јајца. Користете лепак, со него поминете го местото каде што сакате да ги залепите ливчињата и играјте си со креативноста.

 

Цветно венче

За ова ви се потребни корпички за мафини, лепак и малку боја и четка. Корпичките поминете ги со водени или темперни боици по врвовите, како што е на фотографијата, потоа малку сплескајте ги со рацете, нежно, а потоа спојте ги со лепак. Ако имате форма од стиропор, можете и на неа да лепите.

 

Декорација за маса

Уште еден начин како можете да ги искористите кутиите, односно хартиените табли за јајца. Поделети ги по делови, па поврзете ги во саканата форма. Во некои наредете велигденски јајца, а во други цвќиња, бомбони... Ќе изгледа впечатливо и колоритно.

 

Велигденски венец од трски

 Ако имате готов, тогаш уште полесно, а ако ве бидува, тогаш можете и самите да направите. Потоа, одредени делови украсете ги така што ќе ги обвиткате со конец или волница, а можете и да закачите по некое велигденско јајце или ако не може да издржи, тогаш заменете ги со пластични.

 

Која идеја ви се допаѓа најмногу?

Објавено:
16 март 2022
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
6.970 пати