Доколку е така, ние ќе ви понудиме неколку трикови за да блеснете во целосен сјај.

Колор блок – Станува збор за комбинација на две јаки, впечатливи бои како што се розова со благо црвена или зелена, сината со тиркизна или пак жолта со портокалова.

Усни со кармин вишна боја – Еден од најголемите модни трендови сезонава. Доколку имате светол тен, комбинирајте го со сиви сенки за очи, а доколку имате потемен тен, со топли, бронзени нијанси.

Хулахопки и сандали – Можеби на прв поглед изгледа тотално невкусно, но реалноста е дека овој откачен моден тренд е актуелен неколку сезони по ред, па  ќе биде и оваа. Дебели црни хулахопки со светли чевли со отворена потпетица или пак дизајнирани хулахопки со кратко здолниште и црни сандали. Пробајте можеби ќе ви се допадне!

Натапирана голема пунџа – Овој вид фризури се вратија на голема врата, па доколку ви е здосадено од постојаниот монотон изглед, добро би било да ја соберете косата во пунџа.

Покажете го ременот – Доколку сакате да го истакнете струкот и притоа да го збогатите стајлингот, тоа можете да го направите со ефектен ремен.

Чанта на или преку рамо – Тие се веќе втора сезона вистински бум на модната сцена. Чантите се практични и шик истовремено.

Розова боја – Голем број луѓе розовата боја ја доживуваат како пролетна или летна нијанса, но таа ги доживеа своите пет минути и во есенските денови, но во посмирени тонови. Розев фустан или дамски капут се вистински избор за освежување на вашиот гардеробер.

Марама со блејзер – Оваа сезона ќе бидат хит дамските свилени марами. Без разлика како ќе ја врзете марамата, таа одлично се вклопува со секое парче облека, а особено со блејзер или сако.

Објавено:
26 јуни 2013
Категорија: 
Направи сам