Вратете го вистинскиот дух на празниците и изработете празнични честитки
•
27 ноември 2013
Сајбер просторот ни нуди голем избор и различни варијанти како да си посветиме меѓусебно внимание и да си посакаме: Среќни празници! Но, вистинската празнична магија која пред се треба да не потсети на реалните пријателски и топли меѓучовечки односи, ќе ја почуствуваме тогаш кога сами ќе се посветиме на изработката на празнични честитки за најблиските. Имате доволно време да се инспирирате од посочените идеи, да одвоите само мал дел од вашиот слободен простор и да ја истурите фантазијата на мало парче хартија. Истовремено ќе се релаксирате, а и ќе направите нешто интимно и ваше посветено на најсаканите.