Познатата адвокатка Амал Клуни (42) важи за една од најдобро облечените жени во светот. Нејзиниот стил честопати е коментиран и презентиран како инспирација за сите жени што сакаат да го негуваат елегантниот и покласичен стил.
View this post on Instagram
Амал на денот на свадбата, со сестра си Тала и нејзината ќерка Миа
Но, таа не е единствената во семејството која има одличен моден вкус. Имено, Амал има постара сестра, Тала Аламудин (48) која има и свој моден бренд „Totally Tala“, основан пред три години. Брендот се занимава со креирање и производство на чанти и други модни додатоци. Има посебна колекција и за есенцијалните потреби на мајките.
Се работат од кожа, но таа се набавува од сертифицирани одржливи фарми.
Секоја од чантите е рачно направена и украсена.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Досега беше во сенка на сестра ѝ, која покрај успешната адвокатска кариера, на светот му стана позната кога се омажи за Џорџ Клуни, но со својот бренд допрва ќе се пробива на светскиот пазар.
Тала по дипломирањето на Американскиот интарнационален универзитет „Ричмонд“ во Лондон во 1995 година, се сели во Њујорк, каде ќе живее долги години.
Но, по склучувањето на бракот со бизнисменот Наги Хамијех, се сели во Сингапур. Мајка е на 17 годишната ќерка Миа. Иако двојката денес е разведена, Тала сè уште е во Сингапур, каде е и нејзиниот бренд.
View this post on Instagram
Минатата година беше во фокусот на јавноста поради тоа што возеше во пијана состојба, а направи и уште неколку сообраќајни прекршоци, за што беше казнета со 6.400 долари и затворска казна во траење од три недели. Таа остана и без возачката дозвола дури четири години по излегувањето од затвор. Ова не е првата казна што ја добила. За истиот прекршок казнета е и во 2013 година, кога возачката дозвола ѝ била одземена на две години и платила 3.000 долари. Тогаш го возела автомобилот на сопругот, без негово знаење, кој не бил осигуран.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Нејзиниот моден сензибилитет е поразличен од оној на нејзината помала сестра. Тала е похрабра, љубител на лежерноста и слободата. Но, и покрај тоа, тие две неверојатно личат, ги краси истата густа долга коса и широката насмевка.
Инаку, иако брендот на Тала е млад, сепак соработувала со бројни познати личности помеѓу кои и Џенифер Конели, Елизабет Бенкс.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram