Го обожава боемскиот стил на живот, кој дополнително влијае во нејзината изработка на уникатни парчиња кои се микс на разни стилови во една целина. Елена рачно изработува здолништа, плетени шалови со ленти од индиско сари, свилени кимона и палта од неколку слоеви материјали.
Креативниот процес на Елена започнува со добивањето на желба за создавање на нешто ново. Кулминацијата следи по опкружувањето со разни материјали и водењето од инспирацијата од некое патување, без разлика дали е тоа умствено или веќе остварено во изминатиот период. „Кога креирам парче облека, не размислувам дали тоа ќе му се допадне некому, туку тргнувам од внатрешното чувство и знам дека ако мене ми се допадне, тогаш е вистинскиот избор“ – објаснува дизајнерката.
Водена од винтиџот, Елена предност им дава на старите дезени и материјали од кое особено големо внимание и привлекува индиското сари, кое го користи во изработката на кимона, како горен дел од палта, во фустаните или го вметнува во широките здолништа. Според неа, потрагата по стари материјали е авантура, скриено богатство и лекција по историја, особено нивните истегнати конци, дамки и избледеност, кои се доказ за патот кој го поминале за да завршат во нејзини раце.
Тоа што е реткост кај нас е дека дизајнерката поседува колекција на уникатен стар текстил од племето Hmong од Тајланд, односно стари индиски свилени сари, марокански накит и везените ленти, кои ги вментува како декорација во своите дизајни.
Сите заинтересирани нејзините уникатни парчиња може да ги набават единствено на онлајн шопот на Etsy, а позитивните коментари кои пристигнуваат од разни страни на светот на Елена и даваат дополнителна мотивација да продолжи со креативното дело.