@ellena_galant_girl: Руска блогерка која со боите е на ТИ

18 јануари 2021

Елена е името на руската блогерка која својот блог го гради од 2015 година.  Има 40 години и е мајка на деветгодишна ќеркичка, но како вели тоа не ја спречува да ужива во нејзината голема страст - модата.

„Уште некога бев дете, не можев да заспијам додека не смислев некоја фенси, а сепак удобна комбинација за утрешниот ден“, вели таа.

Таа открива дека комбинирањето на боите ѝ е посебен предизвик, што и се забележува од нејзините објави. Не ги сака здодевните и сигурни модни избори, сака свеж и колоритен моден израз.

Но, не застанала тука, туку создала и свој бренд за облека според нејзиниот сензибилитет. 

Блогот @ellena_galant_girl го следат околу 300.000 луѓе, што не е малку, но со оглед на публиката во Русија, допрва треба да го најде своето место таму. 

Доколку се пронајдовте во овој нејзин краток опис, тогаш кај неа можете да ја пронајдете инспирацијата. 

Ние издвоивме неколку комбинации што ни го привлекоа вниманието и ги споделуваме со вас:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
18 јануари 2021
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
3.853 пати