Фризерот на Ким Кардашијан и Џеј Ло е талентиран и неверојатно згоден

29 април 2020

За беспрекрниот изглед и нега на косата на Ким Кардашијан и Џенифер Лопез со години наназад се грижи младиот Крис Аплтон. Има 34 години, но може да се пофали со кариера која вклучува познати дизајнери и светски ѕвезди.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1) onApr 10, 2020 at 11:12am PDT

Талентот го открива мајка му, која го охрабрува да го насочи образованието во тој смер. На 13 години ќе ја добие првата работа во фризерски салон, а фактот дека луѓето од салонот излегуваат посреќни од кога влегле, само ќе ја потврди неговата желба да стане фризер. Но, секако и поради неговата, како ќе рече и самиот, фасцинираност од коса.

Во 2010 година ќе земе учество во британското шоу „Hairdresser of the Year“, каде што ќе победи, односно ќе биде прогласен за Талент на годината.

Оттаму ќе му се отворат многу врати, но паралелно со тоа, постојано ќе го надградува своето знаење. Во неговото работно портфолио се запишани соработки со „Долче и Габана“, „Шанел“, Вивиен Вествуд, “Фенди“, Том Форд, „Москино“...

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1) onMar 24, 2020 at 10:56am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1) onApr 3, 2020 at 2:18pm PDT

Покрај Ким и Џеј Ло, меѓу редовните негови клиенти се и Аријана Гранде, Кејти Пери, Дуа Липа, Кајли Џенер.

Неговиот талент бил препознаен и од уредништвото на дел од најпознатите магазини, па неговата работа придонела за впечатливи насловни страни на „Венити Фер“, „Харперс Базар“, „Грација“...

Препознатлив е по фантастичната работа со перики. Имено, во текот на својот живот имал шанса да работи за лица заболени од рак, а посебно да го измени и разубави начинот на користење перики. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1) onJan 5, 2020 at 4:07pm PST

„Не постои подобро чувство кога ќе видите нечија насмевка и среќа, бидејќи сте вратиле нешто што некој го изгубил“, вели во едно интервју.

Што се однесува до приватниот живот, има две возрасни деца. Сепак, неодамна објави дека е геј и призна дека тоа доцна го открил во животот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1) onJan 7, 2020 at 10:37am PST

 

Но, покрај сите овие работи, тој вниманието го привлекува и поради изгледот. Вежбањето му помогнало да го дефинира своето тело до совршеност.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1) onApr 26, 2020 at 10:08am PDT

Нема потреба да зборуваме за тоа дека секогаш има средена коса, која најчесто е шатирана и совршено се согласува со неговите светли очи.

Свесен за добриот изглед, често ги чести своите, повеќе од милион, следбеници со провокативни фотографии. Да не е успешен фризер, веројатно би бил ултра популарен модел.

Погледнете:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1) onApr 25, 2020 at 10:22am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1) onApr 28, 2020 at 8:34am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1) onApr 14, 2020 at 12:27pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1) onAug 7, 2019 at 1:09pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1) onMay 27, 2019 at 12:00pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1) onApr 28, 2019 at 5:38pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1) onMay 1, 2019 at 1:36pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1) onMar 5, 2020 at 3:31pm PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1) onFeb 2, 2020 at 5:53pm PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1) onFeb 1, 2020 at 11:23am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1) onJan 12, 2020 at 9:00am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1) onNov 6, 2019 at 9:00am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1) onAug 26, 2019 at 11:06am PDT

 

 

 

Објавено:
29 април 2020
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
7.224 пати