Ida Van Muster: Винтиџ девојка во модерниот свет

28 февруари 2018

Аида Ѓапо е името на Босанка која за време на војната се сели со родителите во Германија и таму го поминува своето детство.

Како вљубеник на Златното доба на Холивуд уште од детски денови, таа формира стил за многумина необичен и уникатен, а за неа сосема удобен и свој. 

Винтиџ облекувањето не е само пасија кон Златното доба и женственоста, туку и како последица на тешките услови во кои живеела.

Како ќе изјави во интервју за српското издание на „Ел“ магазинот, поради сиромаштијата била принудена да купува облека на пазар и „second hand“ продавници, а таму ги наоѓала совршените парчиња за да ги изрази своите модни и естетски афинитети.

Она што е најважно е што останала доследна на својот стил и на она што е.

„Никогаш не се облекував вака за да привлечам внимание или за да ме фотографираат. Се случува да ме застанат луѓето и да ми честитаат на храброста, но тоа не е мојата цел“, вели Ида во интервјуто.

Инаку, таа освен што е има блог кој го води под името Ida Van Muster, во кој се претставува како винтиџ девојка во модерниот свет , работи и како модел. Вели, блогот го „преселила“ на Инстаграм, по што започнале и соработките со познати брендови, а Ида размислува да покрене и свој бренд, 

Во продолжение ви презентираме дел од нејзините фотографии и стил, што сигурни сме ќе ви го привлечат вниманието:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
28 февруари 2018
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
599 пати