Како блогерството станува популарна професија, така конкуренцијата е се поголема, а за да се истакнеш и издвоиш од останатите исто така е поголем предизвик.
Но, токму таквиот предизвик делува мотивирачки на оние кои се убедени дека нивното место е во светот на модните инфлуенсери.
Меѓу нив е и Џеси Буш, девојка по потекло од Нов Зеланд, која периодов живее во Европа, а поради нејзиниот ангажиран однос во модниот свет, често патува.
Џеси својата кариера во модниот свет ја почнува како автор на блогот „We The People" чиј концепт е базиран на уличната естетика.
Содржините уживаат голема популарност и така таа добива на поголемо значење во модниот свет.
Интересно за нејзиниот имиџ е тоа што подеднакво умешно прави драстично различни комбинации: од елегантни и минималистички до еклектични со бохо нота.
Често во својот избор знае да ги прекрши „правилата", а со таквиот пристап се издвојува од мнозинството.
Ако ја следите, ќе забележите дека во нејзините комбинации често имплементира парчиња од брендови што не се многу популарни, а го заслужуваат внмането на конкретна таргет група. Па преку нејзиниот стил ќе се запознаете со етикети како Apparis или Ader Error.
Ако ви недостига секојдневна инспирација за тоа како да ги комбинирате парчињата што ги имате на располагање, сега знаете каде да ја побарате.
Фото: Инстаграм
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram