Coco_pinkprincess e Инстаграмот на сега веќе деветгодишната Коко од Јапонија, која ја следат преку 670.000 луѓе, меѓу кои и бројни модни инсајдери.
Таа освојува со своите урбани комбинации, од кои можат да учат и повозрасните. За нејзиниот стил и профил пишуваше американскиот „Вог“ уште пред неколку години, вест која и ние ја пренесовме на нашиот медиум.
View this post on Instagram
Тогаш ја следеа преку 100.000 луѓе, а за три години таа бројка се зголеми шесткратно и продолжува да расте.
„Комбинациите што ги носи се модно совршенство. Не изгледа стереотипно и има бутновнички пристап кон облеката“, се вели во текстот.
Како пренесува нејзината мајка Мисато, Коко уште од тригодишна возраст покажувала интерес за шопинг и модата. Во нејзините комбинации има спој на актуелни трендови и јапонска традиција, а доколку сте следеле фотографии на улична мода од Токио, тогаш јасно ви е колку ова мало девојче не се разликува од возрасните според умешноста на комбинирање облека.
„Таа ги одбираше работите што ќе ги носи", потенцира мајка ѝ. Сепак, веруваме дека и Мисато има големо влијание врз комбинациите, а секако и стилот што ќе го изгради и како повозрасна.
View this post on Instagram
Инаку, родителите на Коко поседуваат винтиџ продавница за облека и предмети во Токио, па оттаму и не изненадува љубовта кон модата.
Модните инсајдери велат дека во ова симпатично девојче гледаат предводник на новата генерација модни „инфлуенсери“, па не би изненадило ако за неколку години ја видиме како седи во првите редови на светските модни недели.
А во продолжение погледнете зошто Коко толку им го привлекува вниманието:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram