За 21 – годишната модна блогерка Кристина Базан, луксузот едноставно е начин на живот. Таа пораснала во Женева, Швајцарија – место каде може да се најдат некои од најдобрите светски изработувачи и брендови на накит и часовници со ултра висок квалитет и почит ширум светот.
Нејзиниот пристап до модата може да се опише како ултра талентиран микс на класични парчиња со женствена нота, комбинирани со модерни и тренди парчиња. Таа е голем обожавател на минималистичкиот стил и парчиња и впечатливиот и масивен накит.
Прекрасната Кристина никогаш не се плаши да излезе од нејзината зона на удобност – таа постојано прави промени во однос на фризурата и стилот, па така неодамна направи шишки и почна да се облекува во рокерски парчиња.
Таа самата вели дека нејзиниот стил секогаш се врти околу класичната елеганција и чистиот минимализам, иако таа сака да си игра со принтовите понекогаш, а особено за време на модните недели.
„Мои идоли се ретро убавиците како Грејс Кели и Одри Хепберн, но и оние од денешницата како Ешли Олсен, Оливиа Палермо и Елин Клинг кои се секогаш перфектни“, вели Кристина.
Нејзиниот блог таа го започна во 2011 година заедно со Џејмс Вин. Таа била модел, знаела да направи совршени комбинации, а нејзиниот пријател требало само да ја фотографира.
Некои од нејзините омилени парчиња се кожените јакни, бидејќи како што таа вели, може да ги комбинира буквално со сѐ. Според неа, тоа е парче што може да се носи секоја сезона, но и за секоја прилика и секогаш да изгледате оригинални.
Кристина има многу омилени дизајнери, но сепак, нејзината омилена на сите времиња е Прада.
„Тие никогаш нема да ве разочараат! Ги сакам и Кензо, неодамна бев на нивна ревија и бев потполно воодушевена. Имаше толку многу прекрасни принтови и свежи бои. Исто така ми се допаѓа и Александар Ванг и неговиот секогаш чист, модерен стил“, вели Кристина.
Она што ви го препорачуваме, е веднаш да почнете да го следите нејзиниот блог. Таа секогаш ќе ве инспирира со нејзините слоевити парчиња, со чистиот минимализам, со беспрекорните детали, со внимателно одбраните чанти и чевли и секогаш со вистинските бои.
Иако има само 21 година, многумина и предвидуваат блескава кариера во модата, во што ние дефинитивно сме сигурни.
Во продолжение погледнете некои од нејзините највпечатливи комбинации и уживајте во беспрекорната мода на младата Кристина.