После успехот на Spider-Man: Homecoming, младата актерка Лора Хариер го направи својот исчекор во Холивуд.
Со самото тоа под лупа беа ставени нејзините актерски способности. Прво позабележително актеско искуство го има во американската сапуница „One Life to Live“ од 2013 година. Потоа ја гледавме во „The Last Five Years“ (2014) и „4th Man Out“, но нејзината кариера допрва ќе оди во нагорна линија по последниот проект.
Сепак, модните магазини и инсајдери обрнаа внимание на нејзиниот стил, кој што е речиси беспрекорен. Во тоа ѝ помага и нејзината стилистка Даниеле Нахмани, која претходно работеше како стилист во „Вог“.
Инаку, Лаура се занимава и со моделинг. Таа беше дел од кампањите на „Garnier“, „Urban Outfitters“, „American Eagle“, „L’Oreal“, а исто така се најде и на страниците на престижните магазини како „Вог“, „Космополитен“, „Ел“, „Гламур“.
Во 2016 година, таа е дел и од „The Realest Real“, краток филм за брендот „Кензо“, во режија на Кери Браунштајн. Меѓу последните ангажмани се кампањите на „Калвин Клајн“ и „Луј Витон“, а амбасадор е и на брендот за луксузен накит „Булгари“.
Витката става е само поен плус за оваа девојка, на која ѝ прилега сè. Благодарение на комбинациите од нејзиниот стилист, сите се сведоци дека Лора изгледа одлично во парчињата од сите дизајнери, од „Прабал Гурунг“ до „Шанел“.
Во продолжение ќе погледнете дел од нејзините инстаграм објави, кои ќе ви потврдат за вистинитоста на ова што го зборуваме.