Марк Ронсон - уште еден талентиран Британец со истенчен вкус за мода

19 септември 2017

Марк Ронсон е една од најпознатите личности, но воедно и најдотерани личности во музичката индустрија.

Има 40 години, а веќе две години по ред е во самиот врв на листата на најстилски мажи. Во 2016 година беше прогласен за најдобро облечен маж од магазинот „GQ“, а оваа е во топ пет.

 

A post shared by Mark Ronson (@iammarkronson) onSep 6, 2016 at 4:48pm PDT

 

 

A post shared by Mark Ronson (@iammarkronson) onSep 7, 2016 at 8:52am PDT

Во интервју за „Нешнал Пост“ тој дава краток осврт на тоа како му се менувал стилот низ годините.

-Кога имав 18 години, сакав да изгледам исто како Џон Тејлор од „Дуран Дуран“. Секој ден во школо ги носев ракавите подвиткани нагоре, како што изгледаше тој во видеото за „Рио“. Години подоцна го запознав дизајнерот Ентони Прајс, кој ги создаваше оделата за бендот. Ми откри дека бил бесен кога го видел Џон дека ги подвиткал ракавите. „Не студирав дизајн за некој музичар да ги подвиткува ракавите“, ми кажа. Но, интересно е што стилот на Џон стана глобален моден тренд и тоа преку ноќ – раскажува музичарот.

Тој исто така признава дека до 2011 година, поточно до неговата свадба не носел ништо освен облека што била на распродажба. Во тоа време соработувал со „Top Man“ и доколку посакал некое посебно одело, тие го правеле за него.

-Но, за свадбата отидов во престижната лондонска улица „Севил Роу“ и Ричард Џејмс за мене создаде одело во шеќрна нијанса, на риги. Сега ми е јасно зошто луѓето инвестираат во облека по нарачка. Чувството да имаш одело направено по твоја мерка е неверојатно. Всушност, толку многу ми се допаѓаше, што отидов повторно зад а ми направат уште едно такво палто, но дворедно и во темносина нијанса, со бели копчиња – се присеќа Ронсон.

Токму во тоа е неговата посебност - што не стравува од принтови, смели бои и „нетипични“ комбинации за мажи.

Како момче имал различни модни икони, но посебно им се воодушевувал на „Бисти бојс“. Но, почесно место на листата има и Брајан Фери.

Иако музиката е на примарно место, сепак не ја одби понудата да биде и модел.

-Во музичката индустрија бев нешто помалку од 15 години пред да го доживеам големиот успех. И научив дека морам и можам да работам само на еден проект во моментот. Но, ангажманот за „Фенди“ беше поинаков и не ми одземаше толку многу време, затоа и го прифатив – вели Марк.

Тој не крие дека манирите се нешто што многу влијае врз севкупниот впечаток на еден човек, а со тоа и на неговиот стил.

-Добрите манири секогаш ми биле од голема важност. До осмата година растев во супер-строго училиште во Англија. Мајка ми нè воспита да бидеме внимателни кон другите луѓе и нивните чувства и да размислуваме пред да направиме нешто. Не можам да опишам колку се чувствувам чудно кога во студио ќе влезе некоја голема ѕвезда и сите ѝ се поклонуваат. Верувам дека мора да се грижиш за другите – потенцира овој 40-годишен џентлмен.

А во продолжение погледнете дел од фотографии, што се доволен показател дека Марк Ронсон е уште еден Англичанец што сосема го заслужува своето место во модните магазини.

фото извор: Pintrest.com; gq-magazine.co.uk; gq-magazine.ru; nationalpost.com; loudpix.co; theconfuseddasher.com;

Објавено:
19 септември 2017
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
232 пати