Една од најпознатите модни агенции IMG, ангажираше пет нови имиња како свои заштитни лица. И сето ова немаше да биде невообичаено доколку не стануваше збор за Plus Size модели. Се работи за значаен чекор во модната индустрија со оглед на фактот дека моделите кои владеат на модните писти се далеку од реалната слика на жените од нашето секојдневие во однос на градбата на телото. Со овој потег, агенцијата пореално ќе ја доближи сликата која ја презентираат моделите во јавноста.
Ова е тренд кој забележува пораст последниве неколку години. Според статистиките на една од најголемите модни агенции IMG, на чиј список се наоѓаат имиња како Кејт Мос и Жизел Бундшен, се потврдува дека последниве две-три години, се почесто се ангажирани манекенките кои имаат вишок килограми и затоа одговорните во агенцијата решиле од оваа година да го прошират своето семејство ангажирајќи пет нови Plus Size модели.
Во своето интервју за магазинот Cosmopolitan, заменик претседателот и генералниот директор на агенцијата Иван Барт го објаснува нивниот план преку мотото: „Аn ageless, raceless, weightless agency“, што укажува на тоа дека претендираат да бидат агенција во која годините, расата и тежината не се најпресудни моменти во изборот на моделите.
„ Со новиот начин на размислување, можам да кажам дека жените навистина вложуваат многу и се трудат да го задржат идеалниот изглед на нивната фигура. Јадете! Бидете свои, на најдобар можен начин, без да се измачувате! За нас како агенција која долги години е дел од модниот бизнис , здравиот изглед е приоритет број еден“, раскажува Иван.
Еве кои се петте манекенки кои ќе бидат новите заштитни лица на IMG во наредниот период:
Ешли Греам
По нејзините облини „полуде“ целиот свет, па сосема заслужено оваа убавица беше прогласена за Plus-Size, модел на годината од страна на Full Figured, модната недела во 2012 година, а се најде и на листата на 10 најдобри Plus-Size модели истата година, креирана од Complex Magazine's.
Даниел Редман
Даниел Редман се занимава со манекенство од својата 14-та година. Неодамна таа почна да работи на нов проект организиран од хуманитарната организација Комера, а се фокусира на обезбедување подобар пристап кон образованието на девојките од Руанда. Сепак и покрај големиот број обврски овој модел наоѓа време за да исполни својата дневна агенда.
Инга Еирксдотир
Инга, не е само модел, туку и куратор, кој трипати е наградуван на натпревари за најдобри фотографии. Била забележана додека работела во пицерија. Ја красела насловната страна на руски Vogue, а нејзина пасија е јогата.
Џули Хендерсон
Џули е ко-основач на непрофитабилната агенција Curves For Change, која организира филантропски настани, каде главните учесници се моделите. Пред да ја стартува својата манекенска кариера, нејзина голема желба била да стане воен пилот.
Маргита Принг
Маргита е рангирана како врвен Plus-Size модел. Може да се пофали со неколку едиторијали и фотосесии сликани за V Magazine и италијански Vogue, како и со двете рекламни кампањи снимени за модната куќа на Жан Пол Готје и ангажманите на писта. Она што е најважно за неа е еден ден да и се оствари желбата да отвори бар за вино и чоколади со специфични и уникатни вкусови.