Од Инстаграм плакарот на минималистката Дарја Бараниќ

16 јуни 2023

Ако по естетика сте минималисти, ќе ви се допадне стилот на Дарја Бараниќ, познатата руско-норвешка блогерка, моден експерт и новинарка.

Нејзиниот Инстаграм профил го карактеризира монохроматско расположение, па повеќето од комбинациите на кои ќе наидете, се црни, бели или црно-бели, со повремени исклучоци преку џинс или сиви тонови.

Но, покрај ваквата ограничена палета, нејзиниот имиџ е далеку од досаден – напротив посебно инспиративен, особено за оние кои преферираат класика, безвременост и сведеност во изразот.

За летната сезона пред нас, ќе најдете инспиративни аутфити што ќе ви послужат како идеја за некоја свечена прилика, деловен изглед или едноставен, секојдневен стајлинг – со минималистичка нота како нивен заеднички предзнак.

 

 

Објавено:
16 јуни 2023
Категорија: 
Портфолио
Прочитано:
729 пати