Запознајте ја Вивиен Вествуд

1 јуни 2013

Нејзиниот живот и кариера се поврзува со популарниот бенд Sex Pistols односно со менаџерот на бендот, Малком МекЛарен. Интимната врска со еден од револуционерните панк бендови ќе изврши огромно влијание врз нејзиното дефинирање како моден дизајнер кој ќе ја пропагира панк субкултурата во мејнстрим модните кругови.

 

 

Вествуд е родена како Робин Нортон во градчето Тинтвистел (во областа Дербишир) на 8 април 1941 година. Студирала на Harrow School of Art а подоцна се запишува на Вестминистер Универзитетот каде што посетува еден семестар. Таа завршува на Мидлсекс Универзитетот Трент Парк Колеџ и предава во основно училиште во Северен Лондон.

 

 

Панк стилот започнал да станува озогласен откако Sex Pistols започнале да носат облека од бутикот на Вествуд и МекЛарен на нивната прва свирка. Стилот вклучувал завои, безопасни игли, жилети, разни ланци од велосипеди и кучешки околувратници како модни додатоци. Сето ова било зачинето со откачена шминка и фризура. Дизајнерските елементи вклучувале присвојување на традиционални елементи од Шкотскиот дизајн како што е карирана волнена ткаенина која е еден од најневообичаените елементи користени од Вествуд како и кројачки принципи кои се историски забележани во 17 и 18 век, реинтерпретирани кај машките пантолони. Овие традиционални контрасти служеле за да се постигне комплетен шокирачки ефект на моделите. Останатите влијанија кои Вествуд ги ивршува во модниот свет е масовната употреба на сомотот и плетените модели. Заедно, Вествуд и МекЛарен работат да се направи комплетна револуција во модата, а тој удар се чувствува и ден денес. Таа денес има само десетина ексклузивни бутици, три во Лондон, три во Манчестер, по една во Ливерпул, Глазгов и Лидс. Деветата продавница е отворена во Нотингем на 20 март 2008 година, а десетата во Јорк на 11 септември 2008 година.

 

 

Првата голема ретроспектива на нејзината работа е прикажана во 2004 година во Викторија и Алберт Музејот во Лондон како и во Националната Галерија во Австралија.

 

Објавено:
1 јуни 2013
Категорија: 
Портфолио