Добро утро. Како сте во првиот работен ден од 2020 година?

Ние ќе го започнеме со една безвременска комбинација, која ќе ви се најде за многу пригоди, па и за на работното место.

Бели панталони со широки ногавици и висок струк се во комбинација со бел топол џемпер со ролка. Панталоните се елегантни и женствени и одлично ќе се усогласат со ваков горен дел.

Остатокот од стајлингот го сочинуваат макси црн капут, црни обувки (може да бидат чизми до глужд), црна чанта и ремен. Но, вие можете кај некој од модните додатоци да внесете и некоја друга боја, на пример сина, или пинк, жолта и да ја направите комбинацијата уште повесела.

Ви посакуваме успешен работен ден и успешна година, во која ќе изгледате дотерано и моќно!

Објавено:
2 јануари 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.197 пати