Добро утро.

И овој ден го започнуваме со предлог комбинација за инспирација.

Комбинезоните се практични парчиња и секогаш е добро да се има еден во гардероберот. 

Пронајдете го кројот што најмногу ви одговара и уживајте во удобноста.

Во конкретниов случај, се работи за модел со широки ногавици, а во горниот дел како кошула со џебови.

Искомбиниран е со неколку нежни ѓердани и чевли на ниска потпетица со сјај.

Пастелно розовата чанта совршено ја надополнува модната приказна. Вие одберете го моделот што вам ви се допаѓа и прилагодете ги боите на естетиката што ја сакате.

Објавено:
27 мај 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
517 пати
Тагови: 
комбинезон