Четврток во цветен фустан и тексас јакна
•
27 април 2017
Претпоследниот ден од работната недела го дочекавме со прекрасно сонце во градот, а тоа секако подразбира цветно фустанче. Овој прекрасен модел во црна нијанса со неодоливи сини цветови е неверојатно шик, а уште повеќе стилски кога го комбинирате со омилената тексас јакна. Комбинацијата надополнете ја со овие рамни чевли во црна нијанса и секако, задолжителната чанта и очила за сонце без кои не можеме ниту еден ден.