Четврток во цветно мантилче и гумени чизми
•
6 август 2020
Добро утро. Би било идеално да не морате да излегувате денес и да уживате во некој филм или едноставно во удобноста на својот дом.
Но, доколку сепак сте од оние што се на работа или имаат обврски, нашиот денешен предлог е комбинација во согласност со временските услови.
Стајлингот е составен од фармерки во комбинација со цветно тенко мантилче, а вие одберете какво имате. Изборот на обувки се гумени чизми во пастелно розова боја, а токму во таква нијанса е и чадорот и чантата.
Каква и комбинација да направите инспирирани од нашиот предлог, додадете некоја пастелна или интензивна боја, со која ќе му пркосите на сивилото.
Ви посакуваме убав ден.