Четврток во фустан со копчиња и шешир
•
24 јуни 2021
Добро утро. Овој топол четврток го започнуваме стандардно со предлог комбинација за инспирација.
Со оглед на високите температури, се одлучивме за фустан кој се закопчува во предниот дел и има откриени раменици. Ракавите се 3/4, но широки, така што доколку материјалот е природен и пријатен нема да имате никаков проблем.
Должината на фустанот е миди, а во комбинација е со рамни сандали. Вие одберете обувки според вашите можности, а стајлингот заокружете го со шешир кој не само што ќе биде тренди моден додаток, туку и ќе ве штити од сонцето и секако мала чанта.
Ви посакуваме убав ден.