Четврток во принт!
•
13 август 2015
Претпоследниот ден од работната недела поминете го во супер кул панталончиња во зелена боја и маичка без ракави со шик принт. Бидејќи овие денови сѐ уште се справуваме со високи температури, со вас задолжително понесете си шапка и очила за сонце. Од накит, денеска носиме единствено масивна сребрена алка, а белите сандали со ремчиња се совршениот избор за удобен ден.
Уживајте во претпоследниот ден од работната недела!