Добро утро.  Уште еден нов ден пред нас. Сонцето навистина ни влева оптимизам и поголема желба за дотерување, а  нашиот денешен предлог е романтичен кошула-фустан.

Ова парче е секогаш добра идеја, бидејќи е практично и може да се вклопи во многу пригоди. Во конкретниов случај, се работи за фустан во бела нијанса и нежна, суптилна тантела одозгора. Горниот дел е на закопчување и со руска јака, додека здолништето е умерено широко, додека ракавите завршуваат со мали романтични карнери.

Супер избор за комбинирање со мантил, тексасна јакна, кожена јакна. Кога се обувките во прашање, за сандали е можеби уште рано, но чевли на висока потпетиц или патики можат совршено да се вклопат.

 Фустанот е дел од најновата пролетна колекција на домашниот бренд ЕЛЕНА ЛУКА, која можете да ја разгледате и на нивната онлајн продавница elenaluka.com;

Ви посакуваме убав ден!

Објавено:
24 март 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
330 пати