Четврток во сив комбинезон
•
8 февруари 2018
За овој четврток решивме да „ве облечеме“ во една деловна, но истовремено и тренди и шик комбинација. Се одлучивме денеска за сив комбинезон на риги, што се врзува на половината.
Бидејќи е со спуштени раменици и на V-израз, го комбинираме со бела кошула со долги ракави. Ако сте љубител на модни додатоци, можете да додадете некој накит или дискретен брош на кошулата.
Комбинацијата ја комплетираме со бордо капут, црни чевли во стилот на безвременските „осфордки“ и сива чанта со апликации.
Имајте убав ден и недозволете тмурното време да ви влијае на расположението.