Добро утро. Можеби мислевме дека и нема да имаме вистинска зима, но утринава некаде дури дојде и снегот.

Со оглед на времето, нашиот денешен предлог е топла зимска комбинација.

Комбинираме фармерки со џемпер и капут во беж нијанса.

Топли џизми се задолжителни, како и волуменозен плетен шал, може и како на фотографијава, ракавици и капа (иако ја нема).

Денес ќе подишеме чист воздух благодарение на ветерот, но секако од дома не излегувајте без да бидете убаво и слоевито облечени.

Ви посакуваме убав ден!

Објавено:
6 февруари 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
988 пати